Владејачката партија СДСМ, партијата од чии редови доаѓа градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, преку соопштение реагираше на снимката која ја објави порталот Лидер а на која, како што тврди порталот, се слуша како градоначалнкот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, физички малтретира вработен во општината во неговата канцеларија.
„Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста.
Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување.
Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво“, стои во соопштението на СДСМ.
Снимката е достапна ТУКА.