-0.2 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Јовановски: Јас сум тој за кој пишува Героски

Се шири тоа дека ние сме провладина телевизија. Јас одговорно како гостин овде и како прв човек на телевизијата можам да кажам дека не сме добиле ниту денар не само од СДСМ, туку и од Владата. На некому му одговара да не врзува со власта. Се создава фама непотребна во овие моменти.

Проектот „Инсјадер“ го одложивме поради многу притисоци. Кога ќе имате разговори во кои читате дека некој ви нарачува ликвидација, за некој да побара моја ликвидација е сериозна работа, рече Бојан Јовановски во вечерашното интервју на 1ТВ.

Јовановски призна дека во овој проект влегле неподготвени и рече дека доколку сметаат дека е добро, проектот македонски инсајдер би можел да продолжи со работа во иднина.

Притоа, тој зборуваше и за пишувањата на новинарот Бранко Героски. Еве што кажа Јовановски:

„До мене е допрено се. Јас сум човек кој е прилично информиран. Героски е читан новинар кој со години е почитувано перо кај нас и за истиот можам да кажам дека бил гостин во оваа телевизија. Да му олеснам него и на јавноста јас сум тој за кој пишува Героски и за кој се изречени лаги и сериозни обвинувања. Јас и сега нема да реагирам. Героски е новинар, тој има задача да пишува. Јас сум свесен дека Македонија е општество кое живее за афери, крв и месо. Ние не бараме правда, туку крв. Кој и да ги измислува приказните гарантирам дека ќе завршат неславно. Прилично сум убеден во тоа што зборувам“.

Првиот човек на 1ТВ во интервјуто вети инвестиција во забавна содржина и сериски програми од месец септември.

поврзани објави

Последни објави