-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сопственичката на Радио Кавадарци: Сите песни на Тамара ненамерно се избришаа од нашата архива

По извинувањето на Тамара за тоа што при синоќешната изведба на химната на Македонија при прославата во американската амбасадата ги изостави Гоце, Даме, Јане…, и објаснувањето од амбасадата дека „ненамерни грешки се случуваат“, со извинување се огласи и сопственичката и управител на Радио Кавадарци, Трајанка Ѓорчева Митрова, која на ФБ напиша:

„Сите песни што ги исепала тама Тодевска ненамерно се избришаа од архивата на Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови, доколку се уште ги има, што поради оваа ненамерна грешка, нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци.“

За извинувањето на Тамара може да прочитате ОВДЕ. За реакцијата и одговорот од Амбасадата на САД прочитајте ОВДЕ. Ова не е прв пат Тамара да направи пропуст при химна, истото и се има случено и пред 6 години на фудбалски натпревар, за тоа прочитајте ОВДЕ.

поврзани објави

Последни објави