Што зборуваше претседателот на ГДУ во Февруари месец годинава и на што предупредуваше? Јас веќе неколку пати апелирав до владата и до политичките партии да се однесуваат одговорно бидејќи го рушат авторитетот на земјата пред ЕУ. Јас очекувам нов нон пејпер во кој убаво ќе ни се укаже дека нема напредок во темите владеење на правото, безбедносниот систем и реформи. Тешко ќе ни биде да манипулираме дека готово веќе од утре ќе ги направиме реформите. Европската комисија ќе има многу цврст став кон Македонија. Ако продолжат вака како што тргнале колегиве од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ јас сум сигурен дека нема да добиеме датум за преговори со ЕУ, рече Колев на 25.02.2019 година.
За жал лидерот на ГДУ беше во право и Македонија не доби датум за преговори со ЕУ. Навистина ми е жал што сум бил во право, но мојата работа е директно поврзана со процесот на ЕУ на некои наши соседни земји, но и на земјите од западен Балкан. Го знам искуството и начинот на кој функционираат луѓето од ЕУ, имам пријатели од таму и токму затоа апелирав од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за да не ни се случи ова што ни се случи. Дали поради суета или поради други прашања тие не сакаат да ги променат своите позиции. На крајот господинот амбасадор на република Франција ни го кажа во директен контекст а тоа е дека имаме проблем со корупцијата, владеењето на правото, после шест или седум месеци францускиот амбасадор Тимоние ни го кажа многу јасно и директно, рече Колев во своето гостување на ТВ СТАР после шест месеци.
Двете партии не сакаат реформа на политичкиот систем. Европа ни вели дека е потребна промена на изборниот модел. Тие не сакаат бидејќи на тој начин ќе изгубат дел од своето огромно политичко влијание кое го имаат, додаде Колев. Неговото гостување на ТВ во продолжение:
Дали ќе добиеме датум за преговори со ЕУ во октомври?
Продолжете со истото темпо и во октомври ќе останеме со кратки ракави.
Posted by Petar Kolev on Thursday, July 4, 2019