-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Тамара Тодевска со нов ФБ статус ги изненади сите – во интерес на смирување на ситуацијата донесов одлука

По вчерашниот кикс пејачката Тамара Тодевска која годинава не претставуваше на Евровизија, денеска преку Фејсбук соопшти дека ги откажува најавените концерти во Прилеп и Охрид. Имено, по низата реакции и критики од јавноста пејачката се реши дека е најдобро да ги откаже концеритете, а со тоа да придонесе да се смири ситуцијата.

„Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна.

Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор. Со почит, ваша Тамара“, напиша таа на својот Фејсбук профил.

Граѓаните не продолжуваат да и пишуваат коментари на пејачката, а еден од нив гласи вака: Влатко Стојаноски Ти кажав како ќе ти простиме: сними видео од цела химна со посебна емоција на “Гоце Делчев, Питу Гули итн. Објави го и чиста си.

поврзани објави

Последни објави