14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ахмети побара, Заев исполнува: Зоран Заев ги подготвува писмените материјали

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги подготвува писмените материјали, што лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги побара во текот на вчерашниот ден, како гаранција за платформата која за ДУИ и албанските политички партии претставува основа за преговори за состав на нова Влада.

Претседателот на СДСМ порача дека тие ќе имаат сериозен пристап во преговорите и дека се отворени за разговор со сите албански политички партии, потенцирајќи дека сепак и трпението на СДСМ има црвени линии.

Од ДУИ пак, велат дека и досега и отсега расправале само врз основа на пишани документи.

Се очекува во текот на наредните неколку денови, СДСМ да почне со подготовка на нацрт текстот на материјалите, кои доколку се обезбеди мнозинство за состав на нова Влада, би се преточиле во владина програма.

поврзани објави

Последни објави