Претседателот на владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денекса одржа прес-конференција на која објави дека Владата до Собранието ќе предложи нов закон за јавно обвинителство според кој СЈО престанува да постои а се формира ново кое ќе се вика Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.
Во одговор на новинарско прашање, Заев кажа дека снимките од нелегално прислушкуваните разговори кои не се дел од досегашните постапки на СЈО, ќе бидат уништени, како што се уништуваат и посебните истражни мерки.
Како што најави Заев, според предлогот, новото обвинителство ќе биде во рамки на ОЈО а ќе го води сегашната шефица на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Премиерот рече дека собранието е должно да обезбеди финансии за непречена работа на новото ЈО и дека политичарите нема да имаат никаков начин да влијаат врз изборото на нови ЈО.