16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Аца Лукас ја откачи Шавија, но си фати нова девојка со која не се двојат

Познатите балкански пејачи секогаш се во центарот на вниманието, а за тоа посебно се грижат медиумите кои ги следат во секој нивни чекор. Најновите информации за пејачот Аца Лукас кој деновиве настапи во Охрид, говорат дека тој има нова девојка. Како што информираат српските медиуми, Лукас пристигнал со Јована на промоцијата на нова песна, која ја пее во дует со пејачката Маја Беровиќ.

По разводот со неговата поранешна сопруга Соња, Лукас многу ретко зборуваше за својот живот, ретко се одлучуваше да признае дали е во врска и кого има покрај себе, а многу често медиумите го бркаа со цел да дознаат детали од неговиот љубовен живот.

Аца Лукас претходно беше во врска со српскиот модел Наташа Шавија. Тој често патуваше со Шавија, а дека нивната врска барем на изглед беше ceриозна докажува тоа што поминале викенд во Париз, гpадот на светлината и љубовта.

За да ги избeгнaт медиумите, Лукас во Париз отпатувал од Виена, а Наташа во исто време, но од Белград.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави