Пејачката Андреана Чеќич откри детали од својот љубовен живот. Таа долго време беше критикувана поради нејзината врска со оженет човек, но таа не се кае поради тоа. Како што вели, ја спознала вистинската љубов и едвај чека да се оствари како мајка.
Од секогаш верував во вистинска љубов која ја живеам денес. Се пробудуваш наутро, го гледаш човекот кој те сака, човекот кој го сакаш, се гледаме еден друг во очи, се прегрнуваме, се насмевнуваме и така почнува денот, открива Андреана.
Јас би сакала да добијам бебе и што се однесува до мене што поскоро. Баш пред некој ден онлајн барав некои работи за бебе, сакав да земам нешто за малото бебе на Дарко, па баш тогаш си замислував како убаво би било и јас да станам мајка. Марко вели дека би сакал детето да личи на мене, а јас велам дека баш би било убаво да личи на таткото, раскажува низ смеа пејачката.