Македонскиот ракометен шампион, тимот на Вардар го совлада хрватскиот првак со 25:20 (14:8) во натпревар од Лигата на Шампионите, со што се врати на првата позиција во групата Б.
Вардарци одиграа еден феноменален натпревар, кој беше отворен одлично, па во текот на целата средба само ја одржуваа предноста и воопшто не ја доведоа победата под знак прашалник.
Задоволен од победата беше стратегот Раул Гонзалес кој истакна дека е време неговите момци и тој да уживаат, бидејќи се први. Среќен по победата беше и Душебаев, кој беше и најдобар стрелец со 7 погодоци. На прес конференцијата истакна дека мислите веќе се насочени кон ПИК Сегед, каде исто така „црвено-црните“ ќе одат на победа.