6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Родителите се откажаа од него: Сметаа дека е премногу грд за да биде дел од нивниот живот

Родителите на Јоно Ланкастер се откажаа од него веднаш по раѓањето, тие сметаа дека е „премногу грд” за да биде дел од нивниот живот.

Јоно денес е во триесеттите години и страда од Тричер-Колинсов синдром – генетско нарушување кое влијае врз развојот на коските на лицето додека бебето е уште во матката.

Тој нема јаболчици, а очите му се спуштаат преку лицето.

Освен проблемите со слухот и јадењето, луѓето погодени од овој синдром се развиваат сосема нормално и немаат други проблеми.

Сепак, родителите на Јоно го напуштија само 36 часа по неговото раѓање.

Потоа тој беше посвоен од прекрасна жена по име Жин Ланкастер.

Јоно бил вистински бунтовник во тинејџерските години, но не затоа што бил лоша личност, туку поради својата болка. Тој правел разни нешта само за да привлече внимание кон себе и да ги одврати луѓето од вистинскиот проблем – неговиот физички изглед.

Кога имал 19 години, сопственикот на барот што го посетувал му понудил работа.
Паралелно со работата, Јонo дипломирал на спортски науки и завршил курс за фитнес-инструктори. Набргу потоа, тој почнал да работи во сала и веднаш им се допаднал на луѓето.

Во салата ја сретнал и се заљубил во Лаура, и тие станале нераздвојни.

По некое време тие заедно купиле куќа и сега водат идиличен живот.

Јоно се стреми да го привлече вниманието на јавноста кон неговата болест и како таа може да се надмине.

Иако неговите биолошки родители сè уште одбиваат да го прифатат како син, и тоа сè уште го боли, Јоно научил тоа да го прифати

поврзани објави

Последни објави