14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

360 степени: Катица Јанева побарала бришење на сите датотеки од компјутерите на СЈО

Главната специјална обвинителка Катица Јанева побарала од вработените во ИТ секторот на СЈО да спроведат „форензичко“ бришње на сите компјутери во Обвинителството, објави 360 степени. Според информациите кои ги објави „360 степени“, обвинителката дала усна наредба.

Барањето за бришење на компјутерите се случува во период во кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води истрага во случајот „Рекет“ во кој засега не е осомничена, но е имплицирана и шефицата на СЈО, Катица Јанева.

Целиот текст можете да го прочитате на „360 степени“ ОВДЕ 

Прочитај повеќе вести: Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за ЈО е подготвен да биде во функција против криминалот

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се води од принцип на владеење на правото, почитувањето на законите, почитување на Уставот, меѓународното право, порачува партискиот портпарол Димче Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ има предлог закон за јавно обвинителство кој што го образложивме вчера на прес конференција од страна на претседателот Мицкоски, кој што е достоен и подготвен да биде во функција на бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција, кои што во моментот во државата се случува на ангро. Овој закон е реформски и значи неселективна правда за граѓаните. Најпрвин фузијата на двете обвинителства е сугестија на ВМРО-ДПМНЕ во текот на преговорите на работните групи и тоа е прифатливо. ВМРО-ДПМНЕ е против грубо кршење на законот Катица Јанева да биде унапредена во Републички Јавен обвинител, односно да добие неколку скалила повеќе. Сите обвинители од дувлото на непотизам наречено СЈО, во кое што во моментов е такво какво што е, каде што работат снаи, ќерки, синови, внуци роднини, пријатели на обвинителите и на СДСМ, треба да се вратат во матичните обвинителства односно институции, од онаму каде што дошле, па дури потоа да конкурираат доколку исполнуваат услови и доколку се квалитетни.

СДСМ со нивниот предлог закон сака да ги унапреди своите и роднините на обвинителите од СЈО, што е грубо кршење на правото и потценување на интелигенцијата на народот. Бараме детална истрага за срамниот случај „Рекет“, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, дали и колку е инволвирана во целиот случај, која е нејзината релација и врска со двајцата осомничени кои се наоѓаат сега во притвор, но не и помалку значајна нејзината релација со определени псевдоними за кои што јавноста веќе шпекулира, а кои што се дел од раководството односно од врхушката на власта на СДСМ. И врапчињата веќе знаат кој се е вмешан во „Рекет“, само Јавното обвинителство во моментов молчи и не презема никакви чекори. Дури потоа обвинителите од СЈО ако не се инволвирани во случајот „Рекет“ ќе може да конкурираат за во новото обвинителство притоа исполнувајќи ги другите услови кои што ќе бидат поставени и согласно законите кои што ги предвидуваат за јавен обвинител, порачува Арсовски.

Портпаролот на партијата порачува дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за транспарентен процес на избор на најквалитетните луѓе коишто треба да бидат истражители или друг тип на административен кадар во рамките на новото обвинителство.

поврзани објави

Последни објави