Словенечката скијачка хероина Илка Штухец е нов светски шампион и носител на златниот медал во спуст кој се одржува во швајцарски Сент Мориц.
Одличната словенка која е во извонредна форма и ја вози најдобрата сезона во кариерата ги покори конкурентите и заслужено го освои златниот медал.
Победничкото време беше 1:38:85 кое беше за 40 стотинки подобро од сребрената австрика Вејнер, додека бронзата замина во рацете на легендата на скиањето, американката Линдзи Вон.