Директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова го издала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, дознава Телма, а истите извори велат дека нејзиниот сопруг е вработен во СЈО.
Луѓето кои работат во обвинителство ја потврдуваат информацијата дека Методи Циклов, кој е сопруг на докторката, е вработен во приемното одделение. Целата вест можете да ја прочитате на Телма ОВДЕ
Повеќе вести: Заев до здравствените работници: Инвестираме во подобрувањето на здравствениот систем, останете дома.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на отворањето на ново изградениот Ургентен центар во рамки на општата болница во Куманово. Покрај него, на настанот присуствуваа и заменик на Претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки, како и министрите за здравство и за земјоделство, шумарство и водостопанство, д-р Венко Филипче и Трајан Димковски.
Истакнувајќи ја важноста на новиот Ургентен центар, Премиерот Заев подвлече дека сите се единствени кога се во прашање заложбите за подобрување на условите во јавното здравство.
„Драго ми е што општата болница не собра сите од различни етнички заедници и од сите политички партии, затоа што е нешто добро. Ова е направено од парите на граѓаните. Ќе остане трајно добро на кумановци, но и на целиот регион во североисточна Македонија, којашто од областа на здравството сите знаеме колку е значајна заради секојдневието на животот на граѓаните, заради секојдневните потреби и заради тоа што навистина е една од трите најголеми стратешки определби на Владата се здравството, образованието и социјалните дејности“, рече меѓу другото Премиерот Заев.
Во својата изјава за медиумите Премиерот Заев посочи дека во изминатиов период Владата на Република Северна Македонија континуирано инвестира во подобрување на квалитетот на здравствениот систем. Како што додаде Премиерот Заев, оваа година се вложуваат 1,3 милијарди денари за општата болница во Куманово, но и за реконструкцијата на болницата во Кичево.
Истовремено Премиерот Заев посочи дека продолжува изградбата на штипската болница и дека до крајот на годината во употреба ќе биде пуштена болницата во Струмица, како и дека ќе заврши постапката за почеток на изградбата на Клиничкиот центар во Скопје.
„Пораката е пред се до здравствените работници голем дел од нив се денеска овде, тоа се лекарите, медицинските сестри , болничарите, сите здравствени работници – останете дома , останете во нашата земја. Ние ќе се потрудиме да ги растеме платите, да ги подобруваме условите на вашето работење , заради тоа што прво никаде не е како дома и второ, дефинитивно им требате на граѓаните, заради тоа што Македонија со своите средства ве едуцирала, ве образовала и еве продолжуваме со средства на граѓаните да ги растеме и платите и приходите коишто треба да бидат доволна мотивација за сите“, заклучи Премиерот Заев.