Четворицата тешко повредни во сообраќајната несреќа кај штипското село Лакавица се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека двајца пациенти се наоѓаат на одделението за неурохирургија, додека еден на одделението за хирургија, а четвртиот пациент е на ортопедија.
Тој додаде дека лекарите во моментов вршат прегледи и интервенциите на пациентите.
Сообраќајната несреќа се случи во 14:47 часот на регионалниот пат Штип-Радовиш кај Лакавица кога се судрија камион со скопски регистерски таблички и автомобил марка „Голф“ со радовишки регистерски таблички.