12.8 C
Skopje
вторник, ноември 18, 2025

Полицаец со оклопно возило прегазил колега во касарната „Ѓорче Петров“

На 29.07.2019 година било пријавено дека околу 18,05 часот во кругот на касарна „Ѓорче Петров”, каде се сместени оклопните возила „Хермелин”, полициски службеници вршеле проверка на исправноста на оклопните возила.

Притоа 25 годишен полициски службеник управувајќи „Хермелин Х09″ му нанел повреда на десната нога на 38-годишен полициски службеник. На повредениот му е укажана помош во Градската општа болница “8-ми Септември”.

За случајот е известен е ОЈО Скопје по чија наредба извршен е увид на лице место. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР превзема мерка од нивна надлежност.

поврзани објави

Последни објави