Сојузната општина во Берлин, уставнот орган составен од членови на Бундестагот, парламентот и представници на покраината денеска ќе избираат нов претседател на Германија.
Најмногу шанси да стане нов претседател има кандитатот од Социјалдемократската партија (СДП) и доскорашен министер за надворепни работи Франк- Волтер Штајнмаер. Со обзир дека има поддршка од владеачката коалиција и германските либерали, се верува дека изборот на Штајнмаер е скоро сигурен.
Штајнмаер ќе има три противкандидати: Кристофер Булервег (Левица), Александар Холд( Слободни избирачи) и Алберт Слазер( Алтернатива за Германија).
Претседателот на Германија има ограничена извршна власт, но се смета за силен морален авторитет. Сегашниот претседател Јоаким Гаук (77) на кој му истекува мандатот објави дека поради своите години нема да се кандидира повторно за претседател.