Кучиња скитници спасија бебе кое една Индијка го фрли во одвод.
Камерите го снимија шокантниот настан во градот Кајтал каде жена го замотала новороденчето во најлон и го фрлила во одвод.
Дека нешто чудно се случува, забележале кучињата. Го извлекле бебето, а потоа со своето лаење го привлекле вниманието на минувачите кои повикале полиција.
Детето потоа е префрлено во болница каде му е укажана лекарска помош.
Кога е пронајдено бебето било тешко нешто повеќе од еден килограм и имало повреда на главата.
Полицијата се уште трага по мајката.
Извор: Сител