Фронтменот на популарниот американски бенд „Марун 5“ Адам Левин, од вчера има свое почесно место во Холивуд. Имено, пеачот ја доби својата звезда на популарниот Булевар на славните и се придружи на останатите големи имиња.
Адам на свечената церемонија на откривањето на неговата звезда присуствуваше во друштво на неговата сопруга, манекенката Бехати Принсло, со која е во брак од 2014 година, а насмеаните сопружници на овој голем ден по прв пат позираа со својата четиримесечна ќерка Дасти Роуз Левин.
„Имам ќерка, имам најубава жена на цел свет. Јас сум најсреќниот човек, а тоа нема никаква врска со мене, туку со луѓето кои ме сакаат, па затоа им се заблагодарувам“, изјави Адам и ги воодушеви сите присутни.
Сепак, малата Дасти Роуз беше во центарот на вниманието, а тато отиде во втор план…