Вардаровите навивачи „Комити“ добија забрана за патување во соседна Грција, поточно во Солун на дуелот од фудбалската Лига Европа помеѓу ПАОК и Шалке.
Како што е познато „Комити“ се збратимени со навивачите на Шалке „Ултрас Гелзенкирхен“ и често заедно навиваат на дуели каде што игра Вардар или пак Шалке.
Со оглед на близината на Скопје и Солун, беше планирано поголема група на „Комити“ да патува во Солун, но оваа информација брзо стигнала до надлежните кај нашиот јужен сосед кои експресно реагирале и забраниле било какви гости од Македонија на споменатиот дуел. Притоа на фановите на германскиот тим им е забрането да истакнуваат било каков македонски симбол на стадионот.