Паоло Дибала многу се поврзува со заминување од Јувентус во овој преоден рок.
Дибала прво беше пред трансфер во Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а кога заврши преодниот рок во Премиер лигата се споменуваше како можно засилување за Пари Сен Жермен.
Навивачите не сакаат Аргентинецот да го напушти клубот и во вчерашниот пријателски натпревар на Јувентус против Триестина Дибала покажа зошто е обожаван од фановите, пренесува порталот „Sportski“.
Аргентинецот прво со пета си создаде добра позиција, а потоа со маестрален лоб удар во голем стил го матираше противнтичкиот голман.