11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Приказната за два волка: Се чита 20 секунди, а поуката останува вечно

Седел еднаш одамна еден стар Индијанец и неговиот млад внук пред нивниот вигвам.

Дедото се обидувал што повеќе мудрост и знаење да му пренесе на внукот и така да го подготви за животот кој е пред него. Затоа и ја му раскажал оваа приказна.

Во секој човек се одвива непрекината битка. Тоа е затоа што во нас живеат два волка, почна мудриот Индијанец.

Како тоа два волка, прашал внукот. Едниот е лош! Тоа се стравот, гневот, љубомората, лажната гордост, негативноста, алчноста, егото, но сожалувањето, самобендисаноста, самосожалувањето и вината.

Но, постои и добриот волк! Тоа се радоста, спокојот, љубовта, надежта, ведрината, добрината, великодушноста, сочувствителноста, вистината и вербата“, го подучувал Индијанецот својот внук.

И кој волк победува?, прашал внукот. Тој кој повеќе ќе го храниш, кратко одговорил мудриот дедо.

поврзани објави

Последни објави