Новинарот Бранко Героски, кој го откри случајот „Рекет“, сега ужива голема поддршка кај своите колеги новинари, кои го канат во своите емисии.
Јанко Илковски познат како Јанко Јади Бурек, го покани Героски да учествува во неговата емисија, која се емитува на Телевизија Сонце.
-Бранко Героски повикан на распит во Јади Бурек. Вечерва 22 август 2019 во живо. Почеток во 20 часот,- напиша Илковски на својот Фејсбук профил.
Оваа објава ја сподели и самиот Героски, а набрзо под неа добри и едно интересно прашање: „Кај Латас кога“, до објавување на оваа вест, одговор на ова прашање немаше.
Во 20 часот започнвуа „распитот“ на Героски на ТВ Сонце од Јанко Илковски. Гледајте!