По десет години брак Кели Ален приметила дека нејзиниот сакан сопруг започнал да се однесува поинаку. Често го криел мобилниот телефон, а кога Кели пронашла ружа во неговиот автомобил, знаела дека е време за сериозен разговор. Најпрво мислела дека Варен (38) ја изневерува, но таа претпоставка е далеку од вистината.
Кога го прашала: „Која е таа“, Варен целиот натажен започнал да плаче. И рекол на сопругата дека премногу ја сака за да сокрива од неа некои работи.
Тогаш и признал дека во неговиот живот не постои друга жена, туку дека тој е – жена. Кели најпрво не знаела што се случува, па Варен и објаснил се од почеток, пренесува британски Метро.
Прв пат сфатил дека е поинаков уште во пубертет кога не сакал неговото тело да се развива во тело на возрасен маж. Ситуацијата се променила кога се вљубил во Кели, но себе секогаш се сметал за жена, со име Зои.
Кели започнала да плаче мислејќи дека ваквиот факт ќе го прекине нивниот брак и ќе го уништи животот на нивните две ќерки. Меѓутоа сфатиле дека толку многу го сака својот сопруг, што не и е важно дали во неговото тело се наоѓа маж или жена. Варен или како што сака да се вика Зои, наскоро ќе започне со терапија, а потоа се подготвува и за операција за промена на полот.
После тоа тие се договориле да имаат ново венчање, овојпат како две жени.