На 13 март 1981 година за прв пат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името „Тигар“.
Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.
Нејзиното борбено крштевање се случи во 2001 година во војната во Република Македонија. Од тој момент па се до денес се надградува единицата на секое поле. До денешен ден единицата е вброена во топ 10 Специјални полициски единици. Рангирана е како трета единица во делот на снајперизам во светски рамки.
За тоа како изгледа една вежба на Тигрите во продолжение.