Произведувачот на мобилни телефони, Нокиа објави дека повторно ќе започне со продажба на моделот 3310, веројатно најпотпорниот и најиздржливот телефон во историјата.
Овој телефон за првпат во продажба излезе во 2000 година и на некој начин го одбележа стартот на модерната ера на мобилните телефони.
Како и претходно, така и новата верзија ќе биде многу слична на претходната, ќе има издржлива батерија и скоро неуништлива маска.
Според информациите, новата верзија на 3310 ќе чини 59 евра и се претпоставува дека ќе има голема побарувачка бидејќи многумина ќе сакаат да го имат како златна резерва.