Кога се би било нормално ќе си ја честитавме независноста на нашата татковина, сигурен сум дека еден ден повторно ќе ја славиме. Ова го напиша Игор Дурловски за 8. Септември на својот Фејсбук профил.
– Вечна ќе бидеш Македонијо затоа што кај што тонеш ти извираш, напиша тој и сподели песна со Адријана Јаневска за празникот.
Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!ЗАВЕТНААндријана Јаневска и Игор ДурловскиМузика: Миле БарбаровскиТекст: Ѓорѓи БарбаровскиАранжман: Андријана ЈаневскаСтудио: ГиновскиПрва изведба: Пепи Бафтировски – 1991 г.Оригинален аранжман: Миле БарбаровскиНегде ќе те премолчатнегде ќе те сокријатгроб со гроба ќе покријатсамо ти си бесмртна жива вода подземнакај што тонеш ти извираш.Векови пеколнизаедно ќе минемедревна земјо Македонскатака е пишано, ништо да не бидемети без мене јас без тебе.Векови пеколнизаедно ќе минемедревна земјо МакедонскаТака е пишано, сестроништо да не бидемети без мене јас без тебе.Може да те одречатдруги да те предадатможат сешто да измислатсамо ти си бесмртна жива вода подземнакај што тонеш ти извираш.Векови пеколни…
Posted by Andrijana Janevska on Saturday, September 7, 2019
На социјалните мрежи оваа песна веќе доби неверојатна гледаност, има над 1.600 реакции и повеќе од 1.700 споделувања. Според Фејсбук оваа објавата ја виделе над 66.000 луѓе.
Вашето мислење за песната можете да ја оставите во коментар.