Екс премиерот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски кој во 90-тите години беше еден и единствен кој зборуваше за независна и самостојна Македонија, држава со своја валута, армија и репрезентација, денеска по повод 28 годишнината од независноста на државата се огласи со интересна честитка на својата официјална фејсбук страница.
Кога ќе се сетам колку големи Југословени бевме количински и содржински добро е што стигнавме до 28 години независност. Честито државност, напиша Георгиевски.
Инаку, признание дека Георгиевски бил водач на таа група која се борела за независноста на државата пристигна и од Панде Колемишевски, еден од соработници на Киро Глигоров во 90-тите години. За тоа освен Колемишевски пишуваше и Ал Џезеира односно познатиот новинар Горан Милиќ кој вели дека токму Љубчо Георгиевски бил првиот политичар рекол „Македонија мора да биде независна држава“.