Дневниот билтен на МВР за изминатиов ден во својот нотес забележа два тешки несреќни случаи на работници за време додека биле на работа.
Вчера воо 12.00 часот од Клиничка болница Штип, телефонски во ПС Штип било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице Д.З. (60) од Штип, вработен во градежна фирма. Истиот работејќи на градежен објект во Штип паднал од скеле на висина од околу пет метри при што се здобил со повреди.
Д.З. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во КБ Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Поради карактерот на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје.
Исто така вчера, но околу 18.50 часот во Јавната здравствена установа Кавадарци бил донесен Т.М. (49) од Кавадарци со тешка телесна повреда, со која се здобил при управување на работна машина. При паркирање на машината удрил во влезот на електро-печка. Поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје.