13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Европскиот парламент побара заштита на правата на бугарите во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора

Европскиот парламент денес усвои резолуција во која е утврдено дека во делот на Мала Преспа, Голо Брдо и Гора живеат Бугари. Во текстот на резолуцијата стои дека Европскиот Парламент бара да им се гарантираат правата на лицата од бугарски ентичка припадност.

Оваа резулуција е донесена по предлогот на европратениците на Бугарија, Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски. ЕП во почитување на правата на малцинствата и барателите на азил, побара од албанските власти да се погржат и да покажат толеранција кон сите малцинства.

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана остро се спротистави на резолуцијата на Европскиот парламент.

„Во регионите Голо Брдо, Преспа и Гора како и на целата територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане. Ги осудуваме активностите на бугарската држава во обидите за фалсификат на историјата. Бугарија продавајќи им бугарски пасоши на Македонците во албанија се обидува да создава Бугари во Албанија кои ги нема. Бараме од албанската влада и од македонската влада да го осудат овој чин на бугарските претставници“, стои во соопштението.

Властите на Албанија не го признаваат македонското малцинство во нивната територија, а згора на тоа по последниот попис беа укинати неколку општини.

поврзани објави

Последни објави