16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден универзитет од Македонија не е ниту класифициран според Шангај

Според Шангајската листа на класификација на универзитетите, 66 милионската Франција има 35 универзитети кои се класифицирни на оваа листа, а од нив 21 се вбројуваат помеѓу првите 500 во светот. Односно на околу 1.8 милиони жители, 1 универзитет е класифициран на Шангајската листа. По таа логика, Македонија би требало да има најмалку 1 универзитет кој ќе биде класифициран на Шангајската листа односно помеѓу првите 1000 универзитети во светот, но за жал тоа не е така, анализира членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение

Денес, сведоци сме дека ниту еден универзитет од Македонија воопшто не е ниту класифициран според Шангај. Поради тоа легитимно е да се постави прашањето:

Зошто не се соберат Ректорите на Универзитетите, Деканите на факултетите, Професорите, Доцентите, Асистентите и сите научни работници во земјава, да објаснат што тоа се случува со унверзитетите и факултетите?

Зошто не подготват стратегија и да дадат предлог решенија, како да се подобрат универзитетите за да еден ден го достигнеме барем основниот ЕУ стандард во високото образование? Најлесно е да се објасни со немаме буџет, немаме пари итн.
Да предложат сет на мерки до Министерството за образование до Министерството за Наука, различни од мерката барање пари?

Можеби пак најдобро е да се молчи и ништо да не се зборува, за да не се наруши евентуално „автономијата„ на универзитетите? Сепак, таа автономија секако покрај привилегии носи и одговорности! Научната автономија е неприкосновена за еден универзитет, но финансиската автономија сепак треба да вроди со некакви резултати.

Доколку нема резулатити, тогаш потребно е да се размисли за постапки и мерки, кои заедно со одговорност на клучните носители на универзитетот ќе резултираат со подобрување на позициите на универзитетите од Македонија.

Само со отворена мисла и јасна и кристална дискусија со предлог мерки, може да се подобри високото образование во земјава.!!!

Според Шангајската листа на класификација на универзитетите, 66 милионската Франција има 35 универзитети кои се…

Posted by Igorr Gila Nicoloff on Sunday, September 22, 2019

поврзани објави

Последни објави