14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Пензионираниот вицеадмирал Харворд нов советник за национална безбедност на претседателот Трамп?!

Поранешниот командант на специјалните сили на воената морнарица вицеадмиралот Роберт Харворд, е човекот за кого се зборува дека ќе ја превземе функцијата советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ова се неофицијални информации, а засега не се знае дали Роберт Харворд ја прифатил понудата. Тој во периодот од 2011 до 2013 година беше заменик на челникот на Централната команда (CENTCOM) на вооружените сили на САД, а до тоа време долг период служел во специјалните сили на морнарицата, војувал во Авганистан и во Ирак.

Пензионираниот генерал Дејвид Петреус и Кит Келог се имињата чии се спомнувани како претенденти и можни функционери на таа позиција, додека Кит Келог во моментов ја извршува функцијата помошник за национална безбедност.

Пензионираниот генерал Петреус се смета за еден од најистакнатите американски воени стратези во последниот период, но тој мораше да отстапи од функцијата поради скандалот околу неговата вонбрачна врска со новинарка која пишувала негова биографија а притоа ѝ откривал одредени детали.

Позицијата на советникот за национална безбедност е испразнета од понеделникот, кога пензионираниот генерал–потполковник Мајкл Флин ја презема одговорноста за тоа нецелосно ги информирал првите државни личности за телефонските контакти со рускиот амбасадор во Вашингтон. Тоа е првата оставка на член на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

поврзани објави

Последни објави