По одреден период во врска, многумина жени се одлучуваат да го вкусат и сексуалниот момент со новиот партнер, а според следните карактеристики, ќе знаете дали тој ќе биде добар во кревет или не.
1. Тој не е центар на внимание
Голем број на мажи сакаат тие да бидат центар на внимание во врската. Па така, често знаат да прават муабет за автомобилот, па сигурно со таа личност нема да сакате да го повторите сексот. Многу подобар ќе биде оној што ќе ве праша како сте го поминале денот, што сте правеле, кој е вашиот омилен филм или храна.
2. Покрај него се чувствувате феноменално
Доколку постои хемија помеѓу вас, тогаш со сигурност партнерот ви дозволува крај него да се чувствувате слободно и отворено, па воопшто не штеди комплименти за секоја ваша ситница. Самиот начин на кој ве гледа, ќе ве натера да се чувствувате привлечни и секси.
3. Вистински џентламен
Се поретки се мажите кои се однесуваат како вистински џентламени. Често ви помага да го соблечете или облечете капутот. Ви ја отвара вратата од куќата или автомобилот? Тогаш е јасно дека можете да бидете сигурни со него и во спалната соба.