29.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Тачи: Визната либерализација заложник на демаркацијата

Косовскиот претседател, Хашим Тачи се огласи на социјалните мрежи, повторувајќи го својот став дека треба да се ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора за да може граѓаните на Косово да патуваат без виза во земјите на ЕУ.

Тој преку својот профил на Фејсбук посоува дека едно такво барање добил и од комесарите на ЕУ на последните средби.

„Евркомесарите Хан и Аврамопоулос,уште еднаш повторија дека Брисел ја очекува ратификацијата на договорот за демаркацијата на границата за да го укине визниот режим за граѓаните на Косово.Сега во рацете на пратениците на Парламентот е да одлучат кога граѓаните на Косово слободно ќе патуваат во Шенген зоната“, напиша Тачи на Фејсбук.

Ден пред тоа премиерот Иса Мустафа оптимистички изјави дека набрзо ќе бидат реалзирани прашањето за демаркација на границата со Црна Гора а со тоа и добивањето визна либерализација,како и формирањето на Заедницата на српски општини.

Договорот за демаркација на границата,тој најави дека ќе биде на дневен ред на парламентот на почетокот на следниот месец.

поврзани објави

Последни објави