Многу од домакинките често се определуваат за домашни рецепти, како би направиле оброк на своите најблиски кој ќе го паметат.
Еве ги состојките и начинот на подготовка за да направите вкусна домашна паштета од пилешко.
Состојки:
Пилешко бело месо( околу 200г можат да бидат доволни за еден оброк)
4 супени лажици павлака
1 главица лук
едно снопче магдонос
една рака семки од тиква
една рака лупен сончоглед
малку препечен сусам
малку сол и бибер
Припрема:
Ставете ги сите состојки во блендер добро измешајте. За пет минути паштета е спремна за мачкање на леб.
Ова може да ви послужи како варијанта да изненадите некој и за послижување на гости. Со малку сирење и маслинки паштета ќе биде уште повкусна.