Рејтингот на популарноста на рускиот претседател Владимир Путин во САД го досигна максимумот во последните 14 години, пренесуваат американските медиуми.
Активноста на рускиот лидер ја одобриле 21% од Американците. Овој показател последен пат е забележан во 2003 година. Во 2015 година само 15% од испитаниците се изјасниле позитивно за Путин.
Ваков голем „скок“ се објаснува првенствено со промената на расположението на поддржувачите на Републиканската партија: ако во 2015 година Путин го поддржале само 12% од нив, во 2017 година популарноста му пораснала на 32%.
Поддржувачите на Демократската партија, останаа воздржани кон ова прашање. Во 2015 година, 15% од нив се изјасниле во негова корист, додека пак во 2017 само 10%.
Во целина, за Русија позитивно се искажале 28% од Американците, додека останатите негативно.
Истражувањето покажува дека анкетата спороведена во вториот месец од претседателството на Доналд Трамп, во позадина на неговите изјави, се посакуваат добри односи со Русија.