На кочанчанец со уверлива измама му украле околу 200 евра. 64-годишниот В.С. пријавил дека му е извршено кривично дело- кражба.
Вчера околу 15ч пред влезот на Општата болница во Кочани две непознати лица му побарале 100 евра и 5000 денари кои морале итно да ги уплатат за операција за нивниот близок, а за возврат му дале како капар рачен часовник кој наводно бил брендиран и вредел околу 4 илјади евра и дека за краток период ќе ги донесат парите и ќе му ги вратат.
Оштетениот наседнал на нивната измама но кога по некое време сватил дека бил измамен случајот го пријавил во полициската станица која трага по сторителите.