На денешниот Централен одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, едногласно за нов мандатар за состав на Влада на Република Македонија е утврден Зоран Заев.
Пред почетокот на Централниот одбор, претседателот на СДСМ, Зоран Заев беше пречекан со овации од присутните и долг аплауз, притоа скандирајќи: „Зоки, Зоки!“
Покрај избирањето за мандатар, на ЦО се очекува да бидат избрани и владина програма односно владин кабинет.