Итно ослободување на дописникот на германскиот весник „Велт“ во Анкара Дениз Јуџел – ова го побараа сто и шеесет германски пратеници кои се потпишаа под писмото испратено до турската Амбасада во Берлин.
Јуџел, кој била баран од турските власти, беше уапсен минатата недела, откако сам се предал на турската полицијата.
Писмото било испратено до турскиот амбасадор Али Кемал Ајдин по иницијатива на социјалдемократот Нијлс Анен и на пратеникот на Зелените Омид Нурипур.
Во текстот се инсистира да се обезбеди слободно работење на новинарите во Турција, а при тоа се истакнува и турско-германското пријателство.
Пред неколку денови германското Министерство за надворешни работи изрази надеж дека случајот на Јуџел ќе биде разгледан „во согласност со владеењето на правото“.