Денес на 13 годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, делегација на Социјалдемократскиот сојуз предводена од Цветанка Ласкова претседателка на Форумот на жени на ССМ, положи цвеќе и оддаде почит на неговото вечно почивалиште.
„СДСМ, како и сите граѓани на Македонија, со достојна почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Трајковски кон Република Македонија, кој посветено работеше на соработка и заедништо и отвори нови перспективи за граѓаните. Овие вредности остануваат водилка за генерациите кои доаѓаат.
СДСМ е цврсто определена во негување и развој на соработката и заедништвото во интерес на добрата иднина на сите граѓани и Република Македонија“.