4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Египет ќе добие кредитни гаранции во износ од 150 милиони долари од Велика Британија

Египетската економија ќе наиде на огромна поддршка од Велика Британија, откако Велика Британија се согласи да му достави банкарски гаранции на Египет во вредност од 150 милиони долари.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон за прв пат во својство на сегашната функција се наоѓа во посета на Египет.

Британското министерство за надворешни работи во своето соопштение посочува дека Џонсон и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси разговарале за британската поддршка за египетската економија, вклучувајќи и соработка во сферата на воздухопловната безбедност, борбата против тероризмот и решавањето на регионалните конфликти, особено во Либија и Сирија.

На средбата било разговарано и за прашања, поврзани со  поврзани со човековите права и со позитивните страни на отвореното општество за подобрување на стабилноста и поттикот на економскиот развој.

„Ќе го зголемиме финансирањето на економскиот развој и социјалните програми“, се вели во соопштението на министерството за надворешни на Велика Британија, притоа ветувајќи дека дека ќе го зајакнат партнерството меѓу универзитетите и обуката на наставниот кадар.

поврзани објави

Последни објави