15.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Срам за клубот од „Автокоманда“: Металург не успеа да го победи најслабиот тим во СЕХА!

Еден од двата македонски претстанивници во СЕХА лигата, тимот на Металург имаше кошмарно гостувањето во Босна и Херцеговина, откако не успеа да го победи најслабиот тим во лигата Извиѓач.

Момците од „Автокоманда“ одиграа само нерешено 24:24 во 17. коло со убедливо најслабиот тим во лигата, кој до денес имаше само три освоени бодови.

Металург играше добро во првиот дел, по кој имаше позитива од 10:13, а убедлива предност имаше и во 45. минута од средбата 15:19.

Тогаш следуваше неочекуван пад во играта, домаќинот дојде и до предност од два гола (22:20, 24:22), за во завршницата со два гола на Гуглета да се избегне срамен пораз.

Најефикасен кај Металург беше Обрадовиќ со 6 погодоци, Пешевски имаше 5, додека Гуглета уфрли 4. На голот Арсиќ имаше 15 успешни одбрани.

Во последното коло Металург ќе му гостува на Нексе, средбата ќе се одигра на 7. март во Хрватска.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави