14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дете на градоначалник на Општина во Скопје, нападнато со ладно оружје кај „Веро“?!

Малолетен син, кој има 17. години, на градоначалник на една од Општините во Скопје бил нападнат со ладно оружје, пренесе „Телевизија 24“.

Според неофицијалните информации на кои се повикува телевизијата, инцидент настанал на една од постројките кај „Веро“, каде е забележително и поголемо присуство на полиција.

Наводно, станува збор за судир помеѓу две групи, а неофицијално според телевизијата веројатно синот на градоначалникот бил ранет со ладно оружје.

Од „Телевизија 24“ информираат дека ова се уште не е потврдено, па сите информации да се земат со доза на резерва.

поврзани објави

Последни објави