И Левица преку соопштение за јавноста, го осудува нападот на новинарската екипа, која беше нападната во текот на вчерашниот протестен марш на граѓанската организација „За Заедничка Македонија“
„Левица силно го осудува нападот на новинарите од кои го следеа протестот на неформалната иницијатива „За заедничка Македонија”. Физичкиот напад врз новинарите od a1on.mk го гледаме како напад врз слободата на изразување и јавно информирање, кои се темелни вредности на нашата земја.
Бараме одговорност од полициските службеници кои потфрлија во одржувањето на јавниот ред и мир при протестот, но и од организаторите на протестот кои неуспешно ги отстраниле насилниците. Не смееме да го игнорираме фактот што на протестите неретко се забележуваат националистички извикувања и симболика, со што се делигитимира нивната декларативна заложба “За заедничка Македонија“.
За кукавичкиот и вандалски напад врз новинарите мора да има одговорност“, се вели во соопштението на Левица.