6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Селмани со сериозно обвинение: Се сомневаме дека Груевски стои зад нападите

Претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани имаше состанок со министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, по која истакна дека зад вчерашните напади на новинарите се соменва дека стои поранешниот премиер Никола Груевски.

„Најодговорно тврдам, дека сериозно се сомневаме дека зад овие напади стои лично господинот Никола Груевски. Затоа што тој не направи ништо во изминатите 6 години да ги спречи овие напади. Во време на владеење на Груевски е затворена најгледаната телевизија, се случуваат 40 напади против новинари, отворено водат кампања против новинари и поттикнуваат насилства против новинари“, изјави Селмани.

Новинарот Александар Тодевски и снимателот Влатко Желчевски од порталот А1он синоќа беа брутално претепани на протестниот марш на платформата „За заедничка Македонија“, додека уредно ја извршувале својата работа.

поврзани објави

Последни објави