Покрај пратениците на СДСМ кои добија свои пораки на портите и ѕидовите од своите домови, денес порака добија и колумнистите – критичари на ВМРО-ДПМНЕ.
На дел од пратениците на СДСМ, меѓу кои Петре Шилегов, Јагода Шахпаска и Максим Димитриевски им беа испишани куќите и портите со пораки од типот „Предавници“ „За колку ја продавате Македонија“ а денес тензичната ситуација продолжува откако група на млади луѓе, кои не го прикажуваат својот идентитет во видеото, тропнаа на вратата на колумнистот Бранко Тричковски и му порачаа: „Како не ти е срам, предавник еден!“