fbpx
11.8 C
Skopje

МВР разговарало со 12 лица за нападот врз новинарите – вкупно три инциденти синоќа во Скопје

АКТУЕЛНО

Министерството за внатрешни работи информираше дека се спроведуваат „оперативни мерки“ при што се разговарало со 12 лица за нападот за новинрската екипа на порталот „А1он“.

Како што беше појаснето, нападнатиот новинар и снимател не ги виделе напаѓачите, затоа што напаѓачите ги нападнале од зад грб. Од повиканите 12 лица, дел се само сведоци, додека неколку од нив се сомничат за можен напад врз новинарите.

Помошник министерот за односи со јавноста на МВР, Јордан Ламановски на прес-конференцијата соопшти дека покрај инцидентот со новинарите, во Скопје синоќа имало уште два инциденти.

Група од околу 12 малолетници влегле во автобус на ЈСП при што нападнале еден малолетник. Во уште еден напад, кај Народна банка, исто така група на повеќе малолетници нападнале две лица, при што на едното повредено дете му биле нанесени повреди со ладно оружје.

На прес-конференцијата се побара и апел до граѓаните кои демократски си го остваруваат своето право да протестираат, тоа да го прават на мирен и разумен начин.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -