13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВИДЕО: Погледнете го возниот парк од 7000 автомобили на султанот на Брунеј

Тоа што се викате Хаџи Хасан Хасанал Болкјах Музаидин Валадулах ибан ал Марум Хаџи Омар али Саифеден Садул Каири Вадијен не е причина да имате многу автомобили. Секако не 7 000 како што ги има 29-от султан на Брунеј кое име никогаш не би можеле да го изговорите ни запамтите.

Спрема листата на „Форбс“ тој е најбогатиот крунисан владатар на планетата со богатство околу 20 милијарди долари и со голема страст кон автомобилите.

Султанот на Брунеј дошол на власт во 1967 година после абдикацијата на својот татко. Од  тогаш султанот кој сака да игра бадмингтон и да пуши преферирани цигари, започнал да купува многу автомобили, во главно најскапите автомобили.

Производителот на автомобили кој специјално му ги испорачувал морал да прави и промени на автомобилите, односно да ги позлати и да додава дијаманти. Гаражата на султанот е преполна со автомобили, голема колекција која се цени околу една милијарда долари.

Во продолжение погледнете ги највпечатливите автомобили на султанот.

поврзани објави

Последни објави