Фудбалската легенда на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес синоќа ги загрижи љубителите на фудбалот од целиот свет, откако по еден воздушен дуел, падна на земјата и остана без свест.
Брзата реакција на дел од неговите соиграчи, какои и медицинскиот тим, помогнаа фудбалерот брзо да се врати во нормала, по што беше однесен во болница во Ла Коруња.
„Голема благодарност до сите вас кои се загриживте за мене и за вашите пораки со охрабрување. Бев малку уплашен, но се надевам дека ќе се вратам многу наскоро“, напиша на „Твитер“ Торес.