6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Симпатично освежување за Renault Captur

Со 215.670 продадени примероци во 2016 година, Captur, кој е изграден врз платформата на друг успешен модел на Renault – Clio, докажа дека може да продолжи сериозно да учествува во растот на овој сегмент на стариот континент.

Промените кои ги носи рестајлингот се решенија за дизајн, карактеристични за моделот Kaptur кој се продава во Русија и е базиран на платформата на Dacia Duster, како и елементи од поголемиот Kadjar.

Прво, Captur веќе поседува LED светла Pure Vision во С-форма карактеристична за последните модели на Renault. Клиентите ќе можат да порачуваат два нови бои – портокалова Atacama Orange и сина Ocean Blue, како и нова сива за шините на покривот – Plаtinum Grey. Тоа значи дека купувачите ќе можат да избираат помеѓу 30 комбинации за двобојната шема на кросоверот.

За ентериерот Renault нуди шест кориснички пакети: Ivory, Caramel, Red, Ocean Blue, Satin Chrome и Patina Chrome. Дел од персонализацијата се и 16 и 17-инчни алуминиумски бандажи, кои се достапни со првите три нивоа на опрема.

Цените на освежениот Captur се уште не се познати, а автомобилот во дилерската мрежа ќе се најде ова лето.

поврзани објави

Последни објави